Таргетирана дезинфекција на повеќе локации е заклучокот на Штипскиот општинскиот штаб за заштита и спасување.
Дезинфекција ќе се врши пред сите текстилни компании, автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички. Ќе се дезинфицираат угостителски објекти кои имаат потреба од поддршка за дезинфекција пред нивните локали, од денес волонтерите на Општина Штип започнуваат со акција на делење на заштитни маски пред текстилните фабрики, соопшти Општинскиот штаб.
Од таму ги повикуваа сопствениците на транспортните компании и сопствениците на угостителските објекти кои имаат потреба од поддршка во дел на дезинфекција на објектите, да се обратат до Општински штаб за заштита и спасување со цел подобра координација во наредните активности.