Во Шпанија сме и смееме да одиме само во маркет и аптека, ама никако по двајца
Првите неколку денови по пристигнувањето во Аликанте брачната двојка Стефани и Горазд Христов и нивниот пријател Даниел, ги пречекало сонце и жив град во одлично расположение. Но за само неколку дена ситуацијата се сменила со филмска брзина. Наеднаш, џагорот замрел, рестораните се затвориле и настапил полициски час кој сѐ уште трае. Низ градот е забрането движење по двајца
Аликанте се наоѓа на медитеранскиот брег на источна Шпанија. Тој е популарна туристичка дестинација и веќе некое време брачната двојка Стефани и Горазд Христов планирале да заминат таму на патување, кое требало да биде делумно работно, а делумно за одмор. Пред неколку месеци си купиле повратни авионски билети и на почетокот од март конечно заминале на оваа дестинација со намера да останат десетина дена. Со нив, и нивниот пријател Даниел, чија девојка поради обврските на факултет требало да замине 2-3 дена подоцна.
Иако епидемијата на коронавирус во периодот на нивното заминување веќе беше актуелна тема и се ширеше низ светов, кај нас и во Шпанија, ситуацијата беше мирна, па тие, не размислувајќи премногу на оваа тема, со нетрпение го чекале својот лет. Првите неколку денови по пристигнувањето, Аликанте ги пречекало облеано во сонце и во одлично расположение. Воодушевени го разгледувале градот, а на загрижените прашања на нивните родители од Скопје кадешто на денот на нивното заминување веќе отпочна драмата на кожната клиника, тие вчудоневидено одговарале: „Што ви е вам?! Не, се разбира дека тука нема ништо, сѐ е лабаво, никој не зборува за вирусот, сѐ е супер, се шетаме, уживаме, навистина е сѐ во ред, што се случи таму сега наеднаш?!“
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.