ВО ШПАНИЈА ОД ЖЕШТИНИТЕ ЛЕТОВО ПОЧИНАЛЕ НАД 6.000 ЛУЃЕ! Најпогодени старите и сиромашните што немаат средства да се заштитат

Според податоците од здравствениот институт Карлос III и шпанската државна метеоролошка агенција, во оваа медитеранска земја минатото лето од високите температури починале најмалку 12.000 луѓе

68

Во Шпанија летово поради високите температури починале повеќе од 6.000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини.

Според податоците од здравствениот институт Карлос III и шпанската државна метеоролошка агенција, во оваа медитеранска земја минатото лето од високите температури починале најмалку 12.000 луѓе






Високите температури особено им се закануваат на постарите луѓе и на посиромашните слоеви од населението кои немаат средства да набават климатизери – објави Ел Паис.

Според податоците на порталот за недвижности Идеалиста за оваа година, само 38% од шпанските домови имаат клима уред, што е два отсто повеќе од претходната година.

Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението нема клима: во Кордоба 72%, во Севиља 71% и во Мадрид 60% од домовите немаат клима уреди.

Кардиоваскуларните пациенти и оние со респираторни проблеми, како и бубрежните, хипертироидните, невролошките и психијатриските пациенти се изложени на зголемен ризик од високи температури.

Поврзани содржини