ВО ШПАНИЈА ДЕНЕСКА ДО 43 СТЕПЕНИ Дошол бран од Африка

Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени.

187

Шпанската метеоролошка служба соопшти дека топлата воздушна маса, која во Шпанија пристигна од Северна Африка, донесе многу високи температури, па денеска се очекува на некои места да биде и 43 степени.

Метеоролошката служба АЕМЕТ објави дека најтопло ќе биде во југозападниот и во централниот дел на Шпанија.






Во градовите како Севиља, Кордоба и Бадахоз се очекуваат температури до 43 степени.

Метеоролозите соопштија дека во Мадрид денеска може да биде и до 38 степени, што е значително над просекот за првата половина на јуни, додека 500 километри понатаму, во Барселона, прогнозата е 32 степена.

Поврзани содржини