Во шампионската прослава во Италија загина 22-годишно момче, повредени се 15

Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне.

752

Едно лице загина во Сицилија за време на прославата по повод европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои во неделата по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми.

Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне.






За време на шампионското славје низ улиците на Милано, повредени се најмалку 15 лица, од кои тројца потешко.

На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.

Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.

Поврзани содржини