Американски борбен авион ловец, од типот Ф-15, денеска се урна во Северно море, а засега не е позната судбината на пилотот, јави Би-Би-Си.
Авионот од типот „Ф-15 Ц“ – таканарачен „Орел“, се урнал кратко време по полетувањето од една американска воена база. Како што се наведува, авионот бил во тренажен лет.
Засега не е позната причината за падот на авионот, а единствено нешто што американското Воено воздухопловство досега го соопшти е дека во леталото имало еден пилот.
На местото на падот веднаш биле испратени екипи за спасување , кои трагаат по пилотот.