ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМА ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Колкав ќе биде износот допрва ќе се пресметува

Министерката за финансии појасни дека пензискиот фонд не ги оствариле проектиранните цели, па државата одбвила дополнителни 1 милијарда денари.

3,078

Поради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одговарајќи на прашање да дополнителните милијарда денари планирани во ребалансот на буџетот.

– Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила, и така беше предвидено, старото законско решение, ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината -рече Димитриеска – Кочоска.

Поврзани содржини