ВО СДСМ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Филипче предлага да се разговара и за цензусот и за отворените листи

Лидерот на опозицијата истакна дека не е само изборниот модел, тука се и многу други прашања.

430

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека неговата партија е подготвена да седне на маса и да разговара за иницијативата за една изборна единица, но потенцираше дека таквите промени мора да бидат дел од поширока политичка дебата во која ќе учествуваат сите парламентарни партии.

– Спремни сме да дискутираме за сите теми, вклучително и за изборниот модел, но тоа мора да биде инклузивен процес. Покрај прашањето за една изборна единица, тука се и прашањата за цензусот и за отворените листи – рече Филипче.






Изјавата следи откако премиерот Христијан Мицкоски вчера во Собранието го повика СДСМ да ги поддржи измените на Изборниот законик, со кои, како што рече, ќе се воведе една изборна единица и ќе се овозможи и на дијаспората да гласа.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените. Верувам дека ова е историски чекор за демократијата – порача премиерот од собраниската говорница.

Поврзани содржини