ВО СДСМ ПРЕДЛОЖЕНИ ПОВЕЌЕ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА Еден од нив е Стево Пендаровски

Предложени се и други поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, врвни поранешни судии, информира лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

789

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска, одговорајќи на новинарско прашање за процедурата за избор на кандидатит на СДСМ за претседател на државата, посочи дека има повеќе еминентни можни кандидати кои се предложени.

Ковачевски напомена дека и актуелниот претседател Стево Пендаровски е предложен од општинските организации, а предложени се и други поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, врвни поранешни судии.






– Не можам да ви кажам точно колку можни кандидати се предложени затоа што ги немам бројките пред мене. Тие се собираат во секторот на организацискиот секретар. Се работи за повеќе еминентни можни кандидати, вклучително и претседателот Пендаровски, кој што е предложен од општинските организации. Тоа што можев да го видам од она што го имаме добиено на располагање од општинските организации, само потврдува дека СДСМ е голема партија, партија која располага со врвен кадровски птоенцијал и која секогаш ги има најдобрите кандидати за сите позиции – додаде Ковачевски.

 

На барање да ја коментира изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека би прифатил да биде заеднички кандидат за претседател на државата, Ковачевски потенцираше дека таа покажува дека СДСМ е на исклучително демократско ниво и секој кој ги исполнува критериумите согласно правилникот, може да биде предложен.

-Тоа што го кажува потпретседателот на партијата Битиќи, апсолутно е во корелација со тоа што го кажувам, а тоа е дека оваа постапка во нашата партија е на исклучително високо демократско ниво. Секој може да биде предложен, кој што ги исполнува критериумите согласно правилникот и сечија кандидатура и амбиција, сечиј капацитет и потенцијал нормално дека од Извршниот и од Централниот одбор на партијата ќе бидат земени во предвид, рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбеил, во одговор на новинарско прашање.

Ковачевски додаде дека ќе биде номиниран претседателски кандидат кој што ќе го продолжи она што Владата го прави, а тоа е да ја продолжи европската интеграција на државата.

Инаку, вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за телевизија Алсат, како одговор на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат, рече дека би прифатил таква понуда, ако се бара консензуален кандидат.

 

 

 

Поврзани содржини