📷 ВО СДСМ ПОСТОИ ЕДНО ЦАРСТВО, ВО НЕГО ЦАРУВА ДРУГАРСТВО… Ковачевски се сликаше и со Радмила Шекеринска
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски се фотографираше и со Радмила Шекеринска, во обид да покаже дека во партијата постои другарство и жива комуникација со старите партиски кадри.
Неодамна Ковачевски покажа и фотографии од средба на стратешкиот тим на СДСМ, на кои го видовме насмеан поранешниот лидер Зоран Заев.
Тогаш Ковачевски на новинарите им кажа дека има исклучително добра соработка со Радмила Шекеринска, која го советувала, бидејќи се покажала искусна во меѓународната политика и во работа на програмите на партијата.
Денешната фотографија е од Градскиот парк, каде повеќе функционери го посетија Националниот саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“.