🎥 ВО СДСМ МОРА ДА СЕ ПРЕСЕЧЕ КАКО СО САТАР Ниту еден од сегашното раководство нема да биде дел од мојот тим, ветува Деспотовски  

Во поткастот на Плусинфо, Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, ги анализира и причините за поразот на изборите и за падот на СДСМ во последните години, но говори и за своите планови за радикален пресврт и за еден нов почеток на партијата во која е цели 30 години.

1,387

„Ако околу нешто се обединуваат членовите на СДСМ, тоа е мислата дека ова сега не е добро и дека треба да престане. Луѓето бараат промени, радикален рез, а некаде велат – како со сатар. Јас затоа се залагам за радикален дисконитинуитет со досегашната пракса во СДСМ и за нов почеток“.

Ова во поткастот на Плусинфо го вели Јован Деспотовски, човекот кој прв ја објави својата кандидатура за изборите на претседател на СДСМ, што ќе се одржат в недела на 30 јуни.






Деспотовски најавува радикален рез во кадровската политика во СДСМ.

– Ниту еден член на досегашното раководство на СДСМ нема да биде дел од мојот тим, од новото раководство. Тука нема да има никакви компромиси – вели тој.

Деспотовскуи зборува и за тоа зошто впечатокот дека поранешниот претседател Зоран Заев има сериозно влијание врз изборот му штети на изборниот процес,  но ѝ штети на партијата.

Во разговор со новинарот Бранко Героски, Деспотовски ги анализира и причините за поразот на изборите и за падот на СДСМ во последните години.

– Ние ги изгубивме и цврстината и ставовите и на крајот се сведовме на кираџија во сопствената влада – вели тој.

 

Поврзани содржини