Во самоизолација од денеска оди и директорот на Службен весник Мартин Костовски.
„И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас пред еден час направив тест за вирусот ковид-19 поради контактот со другарката Сања Лукаревска, која е позитивна на вирусот. За среќа, немам никаков симптом и се надевам дека нема да бидам позитивен. Следните 14 дена ќе бидам во самоизолација и обврските ќе ги вршам во домашни услови“, напиша Костовски на својот профил на Фејсбук.
Тој апелира до сите да не го потценуваат вирусот и можноста за зараза и да бидат максимално внимателни.