ВО САКСИЈА СИ НАСАДИЛА МАРИХУАНА Приведена е позната албанска пејачка

По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.

721

Полицијата во Тирана ја приведе пејачката Руенца Хаџиај, позната како Енца, под сомнение за одгледување наркотични растенија.

„Финализирана е акцијата ‘Балкон’, која следуваше по добиени информации по оперативен пат. Припадниците на полициската станица бр. 1 ја приведоа Р.Х.(27) која на балконот во својот дом на периферијата на Тирана, одгледувала марихуана“, соопшти полицијата.






Приведено е и момчето на Енца, а при контрола на домот пронајдени и одземени се пет саксии во кои имало засадено марихуана.

По апсењето пејачката изјавила дека е корисник и марихуаната ја одгледувала за лична употреба.

Таа живее во населбата Луандер во периферијата на Тирана во приватна вила.

Поврзани содржини