Во САД за една недела вакцинирани 2,5 милиона

174

Американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести синоќа соопшти дека 2.589.125 лица во САД ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус и дека до вчера наутро биле распределени вкупно 12.409.050 дози од вакцината низ целата земја.

Информацијата се однесува и на вакцините на „Фајзер„ и на „Модена“, што се одобрени за употреба во САД, пренесе Гардијан.

Поврзани содржини