Во САД снимен мистериозен небесен феномен, изгледа неверојатно ВИДЕО

932

Интересна светлосна појава уловил фотографот Стефан Химел, специјализиран за ноќни снимки. Светлосната појава е вид молња, односно електрично празнење кое најчесто има црвена или портокалова боја и се именува како црвен виленик.

За разлика од обичните молњи, цврените виленици се јавуваат многу високо во мезосферата, некаде помеѓу 50 и 90 километри над громовидните облаци и имаат различни форми. Првите записи за овој феномен датираат од 1886 година, а првите фотографии се дури во 1989 година.






Црвените виленици тешко може да се уловат со камера бидејќи нивната појава трае само неколку милисекунди и често не се забележуваат со голо око, туку само со посебна фоточувствителна камера.

Фотографот Химел снимил спектакуларна фотографија на овој необичен метеоролошки феномен.

– Ако го видиме овој феномен, визуелно ќе воочиме куси, проѕирни, сиви структури. Често не бев сигурен дали воопшто ги гледам, се додека не ги видев снимките на камера – вели Химел за Бизнис Инсајдер.

– Годинава вкупно снимив 70 часа видеоматеријал и фотографии и фатив околу 70 црвени виленици, и тоа половина од нив беа само од едно невреме – вели тој.

Некои црвени виленици имаат форма на медуза и потсетуваат на вселенски брод. Други личат на вертикални столбови со црвена светлина. Овие небесни медузи може да бидат долги и до 50 километри.

При силно невреме се создаваат повеќе молњи и веројатноста од појавата на црвените виленици е поголема.

Поврзани содржини