Во САД над два милиона луѓе инфицирани со ковид-19

178

Во САД се регистрирани повеќе од два милиона лица заразени со новиот коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека и покрај подобрувањето на ситуацијата во државите кои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, се појавија и нови жаришта.






Во Аризона за еден ден се регистрирани 1.556 новозаразени лица. Најголем пораст на заболени од ковид-19 се регистрирани во Мисисипи, Јужна Каролина, Арканзас, Флорида и други сојузни држави.

Поврзани содржини