ВО СЈО БЕА ЦРПНАТИ ЗА ДА ОДГОВОРАТ КОЈ ПРИСЛУШУВАШЕ, АМА ВРШЕА ПАРТИСКИ ПРОГОН Си кркаа незаконски бонуси и парадираа како холивудски ѕвезди
До правниците е, кои во сè гледаа математика и тераа политика, си градеа метеорски кариери, ама не поради резултати или квалитет, туку заради сервилност кон претходната власт, порача поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и никогаш не требаше да бидат предмет на кривично гонење доколку надлежните институции се придржуваа до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска, во остра јавна реакција, коментирајќи го предметот „Талир“ на некогашното Специјално јавно обвинителство.
„СЈО и сите таму, беа „црпнати“ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години. Се занимаваа со сè освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во
политичките партии преку политички прогон, билдаа партиски рејтинзи за изборни цели, преку
закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови, туку според дневно
политички потреби, и сега проблем бил Кривичниот законик од 2023 (кој сам по себе е тема за
посебна дебата). Не е ниту до тој ниту до било кој друг закон. До правниците е, кои во сè гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и 10 години парадираа во судовите како холивудски ѕвезди и градеа метеорски кариери, ама не поради резултати или квалитет, туку заради сервилност кон претходната власт“, напиша Јанкулоска на социјалните мрежи.
Според Јанкулоска, ваквиот пристап остави длабоки последици врз правниот систем и довербата на граѓаните во правдата.
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, следната недела ќе почне од
почеток по 6. пат. Вчерашното рочиште се одложи, а во меѓувреме застаре кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за кое се гонеа експремиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски, а остана само кривичното дело за перење пари. Во случајот, освен Груевски и Божиновски, обвинети се и Илија Димовски, Леко Ристовски и поранешниот
министерот за транспорт, Миле Јанакиески.