Во Русија се излеале сто тони нафта, девет тони влегле во река

Лукоил соопшти дека во тек е операција за чистење по излевањето од нафтоводот што води од нивното поле Ошкој до објектите што го опслужуваат полето Карјага во соседниот регион.

192

Во рускиот северозападен регион Коми дојде до излевање на сто тони нафта од нафтовод, а девет тони нафта се излеаја во локална река, изјави денеска директорот на Федералната служба за надзор над природните ресурси – Росприроднадзор.

„Пронајдена е нафтена дамка што тече по реката Колва“, напиша официјалниот претставник Светлана Радионова на социјалните мрежи.






Лукоил соопшти дека во тек е операција за чистење по излевањето од нафтоводот што води од нивното поле Ошкој до објектите што го опслужуваат полето Карјага во соседниот регион.

Поврзани содржини