ВО РУСИЈА РЕКОРДНИ 820 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН Не се планираат нови мерки
Владата објави дека досега имало 201.445 случаи на смрт поврзани со ковид-19, додека сојузната статистичка агенција располага со податоци за 365.000 починати од април 2020 до јули 2021 година.
Русија денеска потврдила 820 починати од ковид-19 во изминатите 24 часа, што се поклопува со рекордот кој го постави на 26 август, а власта предупредува на нов пораст на заразени со коронавирусот.
Москва потврдила 3.445 нови заразени, најмногу во еден ден од 31 јули, објавиле властите. Вкупно има 21.438 новозаразени во целата земја.
Кремељ информира дека не се разгледува повторно воведување на мерки за затворање или на други забрани, но додава дека Владата внимателно ја следи ситуацијата.
Според лекарите, вирусот побрзо се шири во регионите во кои има помалку вакцинирани луѓе. Русија, во која живеат повеќе од 144 милиони жители, објави дека речиси 40 милиони луѓе се целосно вакцинирани против ковид-19.
Русија потврдила 7.354.995 случаи на коронавирусот од почетокот на пандемијата.
Владата објави дека досега имало 201.445 случаи на смрт поврзани со ковид-19, додека сојузната статистичка агенција располага со податоци за 365.000 починати од април 2020 до јули 2021 година.