ВО РУСИЈА РЕГИСТРИРАН „МИР-19“ Нов лек против ковид-19

Станува збор за инхалиран лек кој се вдишува со помош на инхалатор преку маска. Во текот на студијата не беа пријавени несакани ефекти.

982

Министерството за здравство на Русија го регистрираше лекот за лекување на коронавирусот „Мир 19“, соопшти Федералната биомедицинска агенција (ФМБА).

– „Мир 19“ е етотропен лек, всушност противотров против вирус чие дејство се заснова на механизмот на интерференција на РНК. Се состои од две компоненти: активни супстанции – мала интерферентна РНК и носители на пептиди – велат од агенцијата.






Станува збор за инхалиран лек кој се вдишува со помош на инхалатор преку маска. Во текот на студијата не беа пријавени несакани ефекти.

Дејствува на делот од геномот на коронавирусот кој е одговорен за неговата репликација, што го спречува размножувањето на вирусот.

Поврзани содржини