Во Русија почна вакцинацијата против ковид-19

262

Во сите региони на Русија почна вакцинацијата против новиот коронавирус. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко истакна дека сите региони се подготвени да ја прифатат вакцината и оти се разработени параметри за квалитетот на транспортот и складирањето.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин истакна дека Министерството за здравство има подготвено план за дистрибуција на вакцината по  региони за следните три месеци.






– Важно е целата оваа работа да тече непречено – посочи Мишустин.

Поврзани содржини