ВО РИО СЕ ПЕЧАТ НА 52 СТЕПЕНИ Повеќе од 100 милиони луѓе се погодени од горештините во Бразил

185

Во речиси 3.000 бразилски градови и населени места, на сила е црвен метеоролошки аларм поради екстремните горештини, јави Би-би-си.

Температурата достигна рекордно високо ниво во области околу Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 степени Целзиусови.






Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран ќе трае до петок, 17 ноември, најавија метеоролозите во Рио де Жанеиро.

Поврзани содржини