Во Рим сега вака продаваат сладолед: Заборавете како работевме пред ковид-19

522

Иднината на продажбата на сладоледот пристигна. Римскиот сладоледџија користи долга пластична „клешта“ со која низ дупка во преградата од плексиглас зграпчува топки.

Паоло Константини носи заштитна кацига со пластичен визир, пластични раквици и маска.






– Можете да заборавите она што беше пред ковид-19, моравме повторно да ја измислиме својата работа – рекол наградуваниот производител на сладолед.

Пред неговата слаткарница со сладолед „Il Gelatone“, од која се гледа Колосеумот, се наоѓа и машина со дезинфекциско средство за раце.

На купувачите пред влезот со термален скенер им се мери температура, а на подот има црно-жолти ленти кои укажуваат на растојанието што мора да го почитуваат.

Италија се гордее со својата традиција на сладолед. Во вообичаени времиња, веднаш штом ќе затопли, луѓето итаат кон „сладоледарниците“. Денес, тоа е повеќе како посета во болница.

– Ние се обидуваме да се заштитиме себеси, персоналот и клиентите колку што можеме – рекол Константини.

Италијанците во понеделникот добија малку слобода. Некои од мерките воведени поради пандемијата се укинати па сега можат да вежбат на отворено. Кафулињата, сендвичарите, рестораните и салоните за сладолед се отворени за подготовка на храна и десерт „за надвор“.

Со заштитни мерки, како што се пластични прегради помеѓу масите, тие ќе можат да ги отворат своите врати дури во јуни. За многумина, ова е катастрофа затоа што гастрономијата е крвоток на италијанската економија.

Се проценува дека економските загуби поради карантинот може да достигнат до 34. милијарди евра само до јуни. Дотогаш, 50.000 бизниси би можеле да бидат затворени а 350.000 луѓе ќе ги загубат работните места.

 

Поврзани содржини