ВО РЕЗЕРВАТОТ „ЈАСЕН“ СЀ УШТЕ ГОРИ ШУМА Активни се пожарите и на уште две други локации
Од изгаснатите пожари, по два биле на територија на општините Гостивар, Петровец и Тетово, а останатите во регионот на Гази Баба, Долнени, Желино, Крушево, Неготино, Радовиш, Струга, Студеничани и Чишиново - Облешево.
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, во месноста „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума и сеча.
Од изгаснатите пожари, по два биле на територија на општините Гостивар, Петровец и Тетово, а останатите во регионот на Гази Баба, Долнени, Желино, Крушево, Неготино, Радовиш, Струга, Студеничани и Чишиново – Облешево.