ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРОИЗВОДСТВО ВОЗДУХОТ НЕ СЕ ЗАГАДУВА Инженери од МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

972

Инженери од реномираното стручно здружение МАКО СИГРЕ ја посетија биогасната електрана Сарамзалино, заедничка инвестиција на фирмите Централинвест-Скопје, Агриа-Велес и АСПП-ПАК-Охрид.

Инженерите од МАКО СИГРЕ, кои работат во различни делови од електроенергетиката во земјава, се интересираа за технологијата на работа на биогасната електрана, опремата која е вградена, нус производите од процесот на производство на електрична енергија, како и за предизвиците во работењето на оваа се уште нова технологија на нашите простори.






Раководните лица на електраната, која е лоцирана на територија на општина Лозово, ги запознаа инженерите со сите фази на производството во биогасна електрана, од складирањето на силажа и обезбедувањето отпад со кои се полни дигесторот, биохемискиот процес на вриење при кој настанува гасот метан, неговото складирање во посебен простор, спроведување на гасот и негово согорување без загадување на воздухот во процесот на производство на електрична енергија, и на крај нуспродуктите кои остануваат: течно земјоделско ѓубриво и хумус.

Биогасните електрани се вистински пример на циркуларна економија и затворен производствен процес со нула отпад.

Централинвест, сестринската фирма на ФЕРОИНВЕСТ, останува општествено одговорна и посветена на зајакнување на стручните знаења на инженерите и споделува заеднички вредности со МАКО СИГРЕ, а тоа се приближување на академската заедница, индустријата и сите останати чинители во електроенергетскиот сектор и размена на знаења и искуства меѓу нив.

Поврзани содржини