Во приватнa клиника во Атина 34 заразени и тројца починати од ковид-19
Пациентите се лица со бубрежни заболувања, а во приватната клиника биле во одделот за хемодијализа.
Во една од двете приватни клиники во Атина за кои грчкото Обвинителство ќе започне истрага за ширењето на коронавирусот, заразени се вкупно 37 лица (пациенти и вработени) од кои тројца починаа, јави дописничката на МИА од Атина.
Пациентите се лица со бубрежни заболувања, а во приватната клиника биле во одделот за хемодијализа.
Претставникот за Ковид-19 на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас денеска ја посети клиниката и рече дека од 116 пациенти, позитивни на коронавирусот се 17 и тројца починале, а од 110 вработени позитивни се исто 17 лица.
Позитивните пациенти се пренесени во други здравствени установи, а позитивните вработени се во домашна изолација.