ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ Пендаровски на средба со американската амбасадорка Агелер

Претседателот Стево Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата, соопштија од неговиот Кабинет.

276

Политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласил дека Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, при што било истакнато дека тековниот Стратешки дијалог е можност за конкретизирање на соработката во сите сфери од заемен интерес.






– Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата – се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини