ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ НИКИФОРОВО – ЛЕУНОВО – БУНЕЦ Укинати се забраните за камиони на Стража и на патот за Маврово Ростуше

Сообраќајот на останатите се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

1,400

Од синоќа во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец  поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Од 5 часот утрово, пак,  поради одрон на патниот правец меѓу кратовските села Живалево – Туралево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

АМСМ информира и дека се укинати забраните за тешки товарни возила кон превојот Стража и на патниот правец Маврово Ростуше.






Сообраќајот на останатите се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини