Во празната црква Светиот гроб Христов во Ерусалим се служеше велигденска литургија

1,151

Неколкумина православни свештеници денеска служеа литургија по повод Велигден во празната црква Светиот гроб Христово Ерусалим поради ограничувањата заради спречување на ширење на новиот коронавирус.

Црквата инаку е полна со верници и туристи за Велигден, но поради рестрикциите за патувања, воведени од Израел, верниците беа спречени да дојдат во Ерусалим за пролетниот празник и ограниченото црковно собирање.






Литургијата беше отслужена во црквата на Светиот гроб, подигната на местото каде, според христијанската традиција, Исус беше распнат, погребан и воскреснат. Плоштадот пред црквата беше празен, а големата дрвена црковна порта затворена, но неколку верници сепак дојдоа да се молат пред неа.

Поврзани содржини