Во Прага се судрија два воза, десетици патници повредени

Според некои извештаи, еден од машиновозачите погинал во судирот.

308

Десетици лица се повредени кога патнички воз синоќа се судрил со товарен воз во близина на Прага, јавуваат локалните медиуми.

Најмалку четири лица се пренесени во болница со сериозни повреди, објави агенцијата ЧТК, цитирајќи ги спасувачките служби.






Според некои извештаи, еден од машиновозачите погинал во судирот.

Според првичните информации, патничкиот воз се судрил со поштенскиот сервисен воз на станицата Чешки Брод, на 30 километри од Прага.

Железничкиот сообраќај на оваа многу фрекфентна линија е во прекин.

Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек, веднаш се упатил на местото на несреќата.

Поврзани содржини