ВО ПОЖАРОТ ЗАГИНА МУЗИЧАРОТ ГОРГИ ГОРГИЕВ Веста за смртта на тапанарот на ДНК ја потврди неговиот брат

Веста на социјалните мрежи ја објави братот на Горги, а ја потврди и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

593

Младиот талентиран музичар Горги Горгиев (24) од Струмица, тапанар на групата ДНК, го загуби животот во трагичниот пожар што избувна ноќеска во дискотека во Кочани.

Веста на социјалните мрежи ја објави братот на Горги, а ја потврди и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.






„Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции.

Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца“, напиша градоначалникот Костадинов.

Поврзани содржини