ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ РЕГИСТРИРАНИ СЕ 96 ЗАБОЛЕНИ Пријавени се 3 смртни случаи од ковид-19

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 19 реинфекции. Регистрирани сe 37 оздравени пациенти.

42

Тројца починати и 96 заболени од ковид-19 се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 729 тестови, а регистрираните нови случаи се во Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка по 2, Неготино, Радовиш и Богданци по 1.






Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 19 реинфекции. Регистрирани сe 37 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81 и 91) во домашни услови.

Досега во земјата се дијагностицирани 342.775 лица, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

 

 

 

Поврзани содржини