Во Португалија повеќе од 10.000 заразени, 266 мртви

178

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Португалија денеска надмина 10.000 денес, а министерката за здравство Марта Темидо ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките за борба против епидемијата, бидејќи, како што рече, „сè уште не гледа светло на крајот на тунелот “.

Во земјата до денеска се заразени 10.524 луѓе, а 266 починале.






– Оваа борба не е трка на сто метри. Ова е долг маратон – рече Темидо на прес-конференција.

Таа додаде дека ова е време да се балансираат стравот и храброста, храброста да се остане дома, да се продолжи да им се помага на другите и да се побара помош ако има потреба.

Вонредната состојба во Португалија е продолжена и ограничувањата за движење се заострени.

Поврзани содржини