Во популарното туристичко место нема туристи, но има диви свињи (ВИДЕО)

Една таква снимка пристигна од Мармарис, познато одморалиште во Турција, кое се наоѓа помеѓу двете мориња на Егејското и Средоземното.

1,360

Навикнати сме деновиве, бидејќи луѓето претежно се наоѓаат во своите домови заради изолацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, на фотографии и снимки од животни што ги „освојуваат“ градовите.

Една таква снимка пристигна од Мармарис, познато одморалиште во Турција, кое се наоѓа помеѓу двете мориња на Егејското и Средоземното.






Поточно, снимките на две возрасни диви свињи кои шетаат со своите младенчиња низ Мармарис го обиколија светот, а ова големо семејство гордо си шеташе по напуштените улици во ова познатото одморалиште во Турција.

Сè уште не е познато кога сите мерки во светот, особено во Македонија и македонските туристи, ќе бидат намалени, а една од омилени дестинации на нашите туристи е Марамарис, која во последните години стана влијателна туристичка дестинација. Во текот на летото, температурите се до 40 степени Целзиусови во Мармарис, а многу е топло и убаво за одмор во септември.

И додека не се отворат границите и нашите куфери не се подготвени за летување, уживајте во снимката од ова семејство на диви свињи, кои шетаат низ Мармарис.

Поврзани содржини