Во поплавите во Грција загинаа седум лица, едно исчезна
Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери.
Бројот на жртви од вчерашните поплави на грчкиот остров Евија се зголеми на седум лица, откако синоќа беа извлечени безживотни тела на уште две лица, а едно се води за исчезнато, јави допсничката на МИА од Атина.
Противпожарната служба на Грција интервенирала во спасување на 97 лица, од кои 43 биле спасени со три хеликоптери.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој преку неговиот официјален „Твитер“ профил вчера изрази длабока жалост и сочувство до семејствата на загинатите, денеска ќе го посети погодениот регион.