Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без струја ќе останат следните корисници:
Во понеделник од 10 до 14 часот, корисниците од улиците: Њуделхиска, Дрезденска и Бахар Моис во општина Карпош.
Во вторник од 09 до 15 часот, корисниците од дел од улиците Кичевска и Манчу Матак во општина Ѓорче Петров и од 09:20 до 13:30 часот, корисниците од дел од улиците Девол и Жданец во општина Карпош.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека во понеделник поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 80 мм, на улица Џумајска бр. 2, од 09 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и тоа парните броеви од бр. 2 до бр. 30 во општина Карпош.