Во понеделник ќе се прска против комарци во Скопје

209

Градот Скопје ги известува граѓаните дека четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 10.08.2020 година (понеделник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.






Градот ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Поврзани содржини