Во Полска 100 отсто повисоки плати за медицинскиот персонал што се бори со ковид-19

695

Полската Влада изрази поддршка на лекарите и целиот медицински персонал кој се бори против новиот коронавирусот со зголемување на нивните плати за 100 отсто.

„Никој не заслужува повеќе од нив“, напиша денеска премиерот Матеуш Моравецки на Фејсбук.






Министерот за здравство Адам Нидзелски издаде наредба до претседателот на Националниот фонд за здравство секој вработен во здравствената служба што се бори со ковид-19, заедно со болничарите и лаборантите ќе добие 100 отсто зголемување на платата.

Пред некоку дена премиерот нагласи дека болниците во државата треба да располагаат со 32.000 кревети за пациенти со ковид-19 до крајот на следната недела. Во почетокот на октомври таа цифра беше 10.000. Во државата се регистрирани 380.000 заболени од ковид-19 и над 5.780 смртни случаи.

Поврзани содржини