ВО ПОЛИТИКАТА ИМАШ ИЛИ НЕМАШ ОБРАЗ, ТАРАВАРИ ИМА 2 ОПЦИИ Мицкоски попладне ќе го испраша министерот за здравство дали игра задкулисни игри

Со или без Таравари владата е стабилна и цврста, со големо мнозинство. Останува Таравари и неговите сопартијци да одучат дали одиме по патот на реформите и владеењето на правото или ќе коалицираат со оние политчки сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен, порача премиерот Христијан Мицкоски пред денешната средба со Арбен Таравари. 

790

Министерот за здравство Арбен Таравари има две опции, да остане со оваа влада која нуди реформи или да се приклучи кон оние кои ја клекнаа државата, а трета опција нема, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Штип.

Тој потврди дека денеска во 17 часот ќе се сретне со Таравари во Владата.






Средбата следува по одлуката на крилото од Алијанса на Албанците кое го предводи Таравари на престојните локални избори да настапи со самостојни листи за советници. По оваа одлука, од владејачката коалиција Вреди, чиј дел е и крилото на АА, го нападнаа Таравари дека тајно се договорил со опозицисата ДУИ за поддршка на изборите и му порачаа дека со тој чин самиот се исклучил од Вреди.

– Денеска ќе поразговараме со господинот Таравари за актуелните политички случувања. За неговите тековни активности како член на Владата комуницираме секојдневно. Генерално, би сакал да слушнам како размислува во делот на последните случувања кои се познати во јавноста. Има две опиции за избор. Оваа опција која ја нуди оваа влада, на реформи, промени, испорака на граѓаните. Втората опција е онаа која две децени и наназад ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ги клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот. Нема трета опција. Би сакал да слушнам која е опцијата за него – рече премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека неговите лилни односи со Таравари се добри.

– Долго комуницираме, како човек имам позитивно мислење за господинот Таравари. Но, во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш, нема флуидни варијанти. Или држиш до зборот или не држиш. Јас во неговиот случај сум покажал најмалку 3  пати кога сум се одржал за зборот, па и кога имало дилеми во раководството на партијата. Затоа, закулисни игри се провидни игри, лесно се препознаваат и најчесто им се удираат од глава на оние кои ги прават – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека никого во животот не молел и нема намера да моли.

– Со или без Таравари, владата е стабилна и цврста, со големо мнозинство. Останува Таравари и неговите сопартијци да одучат дали одиме по патот на реформите, владеењето на правото, борба за праведно општетсво, институции што функционираат или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политчки сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен – порача премиерот Мицкоски пред денешната средба со Таравари.

Поврзани содржини