ВО ПОЛИЦИЈАТА ПРИСТИГНА ПРИЈАВА И ИНСПЕКТОРИТЕ ИЗЛЕГОА НА ТЕРЕН Министерството за внатрешни работи го демантира Максим Димитриевски
На 25.09.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во населба Карпош незаконски се изведуваат работи. По добиената пријава, од страна на полициските службеници од СВР-Куманово биле преземени мерки и извршен увид на самото место, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерството за внатрешни работи (МВР) најостро ги демантира обвинувањата на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека полицијата и министерот Оливер Спасовски вршат притисок врз Општина Куманово, се вели во реакцијата на МВР.
„Најостро ги демантираме лагите и дезинформациите што ги шири градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, а пренесени преку вашиот медиум дека МВР и министерот Оливер Спасовски вршат притисок врз општината. Таков притисок апсолутно не постои, ниту кон оваа ниту кон било која друга општина. МВР во своето работење постапува исклучиво во согласност со законите и своите надлежности. Во конкретниот случај е постапено од СВР-Куманово по претходно добиена пријава. На 25.09.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во населба Карпош незаконски се изведуваат работи. По добиената пријава, од страна на полициските службеници од СВР-Куманово биле преземени мерки и извршен увид на самото место. Согласно стандардите за етичко известување бараме да биде објавен овој демант во најскор можен рок“, се вели во реакцијата на Министерството за внатрешни работи.
Инаку, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска обвини дека полициски инспектори ги стопирале градежните зафати кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма.