Во план е електронски конзулат, иселениците за документи ќе аплицираат дигитално

 Спасовски потенцирал дека постои силна волја за реализација на еден ваков проект  – дигитален конзулат,  што во целост ќе ја олесни постапката на нашите граѓани при навремено завршување на административните  обврски.

334

Можностите за формирање на дигитален, односно електронски конзулат, преку кој нашите граѓани кои се наоѓаат надвор од границите нема да има потреба да аплицираат за документи во амбасадите и дипломатско конзуларните претставништва во земјите каде престојуваат, туку истите документи ќе ги добиваат по дигитален пат. Ова денеска на средба било разгледувано од министрите за внатрешни работи, за надворешни и за информатичко општество,  Оливер Спасовски, Бујар Османи и Јетон Шаќири, како и директорот на Управата за водење матични книги Бујар Дарлишта,

Османи нагласил дека идејата е да се дигитализира целокупниот процес, а сега се иницира бидејќи периодов се активира дигитализацијата на два процеса, и тоа идентификација со мастер кард и електронскиот регистар, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Спасовски потенцирал дека постои силна волја за реализација на еден ваков проект  – дигитален конзулат,  што во целост ќе ја олесни постапката на нашите граѓани при навремено завршување на административните  обврски.

Министрите се согласија дека заеднички  со максимални активности ќе се работи на реализација на овој проект. На средбата беше разгледана и можноста да се искористат позитивните примери од Словенија, Албанија и Романија, но и да се направат потребните законски измени, како и формирање на работни групи од двете министерства, една во делот на технологијата, друга во делот на правната регулатива, стои во соопштението

Поврзани содржини