ВО ПЕТОК И ВО САБОТА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ Пчеларите да ги заштитат пчелите

100

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, пишува на веб-страницата.






Се советува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

Поврзани содржини