ВО ПАНДЕМИЈАТА МЕНТАЛНО СЕ ИСЦРПЕВМЕ Синдромот на „прегореност“ треба да се превенира

Мора да го негуваме менталното здравје и да го превенираме синдромот на прегореност, изјави Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија.

140

„Хроничниот стрес, изолацијата и анксиозноста водат до ментална, емотивна и физичка исцрпеност. Пандемијата предизвика индивидуални и колективни трауми, поради социјалната изолација, чувството на страв од зараза, анксиозност поради неизвесната иднина, како и емоционални шокови, тагата и болката поради загубата на блиски луѓе“, изјави Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, на работилницата на тема „Синдром на прегореност“ (Burn out syndrome) денеска во Скопје.

– Често се вели „во здраво тело – здрав дух“, но и здравиот дух мора да го негуваме, а синдромот „Burn out“ да го превенираме – нагласи таа.






Ова е една од четирите работилницата кои по повод месец мај, посветен на менталното здравје, се организираат од страна на Националниот младинскиот совет на Македонија, со поддршка на Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија „Млади Хаб“. Во работилницата учествуваа млади на возраст од 15 до 29 години.

Поврзани содржини