Во овој град никој не ја почитува изолацијата, лекарите имаат мрачни прогнози

- Вирус? Каков вирус? Тоа е завера, а не вирус. Ова е масло на Кинезите. Тие сигурно имаат вакцина - рекла 35-годишна жена од овој град за „Moscow Times“.

2,051

Во италијанскиот град Бергамо веќе нема место за починатите од ковид-19, па војската ги пренесува ковчезите во други градови. Град од 120.000 жители е епицентар на новиот коронавирус во Европа. Луѓето тука, за жал, почувствуваа на сопствена кожа што може да се случи ако ја потценуваат опасноста.

Слично искуство им се заканува и на жителите на рускиот град Уљановск, кој се наоѓа на 850 километри југозападно од Москва. Голем дел од неговите 600.000 жители очигледно живеат против себе и сметаат дека информациите за пандемијата се обични лаги.






– Вирус? Каков вирус? Тоа е завера, а не вирус. Ова е масло на Кинезите. Тие сигурно имаат вакцина – рекла 35-годишна жена од овој град за „Moscow Times“.

Иако коронавирусот одамна пристигна во Уљановск, многумина во овој град делат исто мислење, игнорирајќи ги апелите на Москва да ги почитуваат мерките за изолација.

Нулти пациент

Нултиот пациент се вика Рошков. Станува збор за син на пратеник, кој го донел вирусот од Велика Британија каде што бил на школување. Кога 15-годишниот тинејџер се вратил во татковината, влијателниот татко го шетал од болница во болница, но не за да биде тестиран. Како што подоцна изјавил за локалните медиуми, тоа го сторил многу внимателно, но сепак, на крајот тестот покажал дека синот му е позитивен на ковид-19.

Лекарите се жалат

Немаме ефикасен систем за тестирање и поради тоа не можеме да го процениме размерот на целиот проблем, вели Алексиј Курињ, член на регионалниот парламент во Уљановск и член на здравствениот одбор.

Тој додава дека досега се тестирани многу малку луѓе и дека тие податоци не даваат комплетна слика за епидемијата.

– Искрено стравувам од италијанско сценарио во Русија и дека Уљановск би можел да се претвори во руски Бергамо. Немаме доволно респиратори, а немаме ни податоци за тоа колку заразени имаме – вели Курињ.

Застарена опрема

Министерството за здравство тврди дека имаме 436 респиратори во регионот, објаснува Курињ.

– Ни донесоа стари апарати за дишење од магацинот, а меѓу нив и некои кои се расипани. Реално гледано, во моментов располагаме со помалку од 100 апарати – вели тој.

Мрачна прогноза за Уљановск

Некои лекари укажуваат на катастрофалниот недостиг на опрема за лична заштита, како за здравствените работници, така и за пациентите.

– Во аптеките нема маски, а во болниците недостигаат професионални заштитни маски и одела – вели Дмитриј Маљак, педијатар од Уљановск.

Тој додава дека лекарите и медицинските сестри се принудени да прават маски од пелени.

– Што очекувате кога дури ни лекарите немаат маски? Кога бројот на пациентите ќе порасне на 800 или на 1.000, тогаш локалниот здравствен систем нема да биде во можност да ги лекува – предвидува тој.

Поврзани содржини