Во ова кафуле можете сè да правите, но строго забрането е да зборувате за коронавирусот ФОТО

604

Менаџерката на мал бар во предградието на Рим сака да им овозможи на своите гости да здивнат од глобалната пандемија и да уживаат во кафето.

– Веќе со месеци се зборува само за тоа, па затоа решивме да ја раздведриме атмосферата – вели Кристина Матиоли, менаџерка на барот со соодветно име „Feeling“.






Италија беше првата европска земја погодена од пандемијата и претрпе најдолг и најстрог карантин. По неколку пријатни летни недели, кога животот речиси се врати во нормала, пандемијата повторно доминира со сè.

– Не станува збор за состојба на негирање или неразбирање за она што нè опкружува, но ние едноставно сакаме да направиме пауза – Матиоли.

Повеќето од гостите реагираа позитивно на забраната.

– Заситени сме од ковид, не можеме повеќе да издржиме, каде и да одиме, само за тоа разговаараат. Среќна сум што можам да зборувам за што било друго – рекла една редовна гостинка во кафулето.

Коронавирусот е, сепак, присутен и таму. Средства за дезинфекција има на масите, а маски носат сите коишто не јадат или не пијат. Барот мора да биде затворен во 18 часот според владината уредба за сузбивање на ширењето на вирусот.

Матиоли, дури за гостите без фантазија, на sидовите поставила и понуда со теми за разговор, од историја до култура.

И што ако разговорот сепак се сврти на забранетата тема?

– Нема санкции, но им го покажувам натписот – се смее Матиоли (35).

И се чини дека има успех. Нови гости почнале да доаѓаат кај неа кои слушнале за барот каде што не се разговара за коронавирусот.

– Сопственикот на кафуле во Трентино, во северна Италија, постави сличен знак, но прво побара дозвола од мене – додава таа гордо.

 

 

Поврзани содржини