Во Осој и Скопје го фотографирале гласачкото ливче, прилепчанец нападнал сограѓанин

418

Во 13,10 на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево заменик претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање, Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор  лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот Законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево – информираа од полицијата.

Во 12:40 часот од страна на претседателот на ИО на гласачко место бр.2909 во ОУ Живко Брајковски во Скопје дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок






Во 10,45 часот, М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ. П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето  Џ.П  пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

Поврзани содржини