ВО ОПШТИНА САРАЈ ПОПЛАВЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 30 КУЌИ Од ЦУК велат дека зафатените објекти се целосно расчистени

32

Повеќе од 30 домаќинства се погодени со поплавите во општина Сарај. Службите интервенирале навремено, координирано и со засилен ангажман, а зафатените објекти се целосно расчистени, соопшти Центарот за управување со кризи.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината.






– Али ја нагласи важноста од брзата реакција, институционалната координација и постојаната комуникација со локалната самоуправа за заштита на граѓаните и нивниот имот. Исто така, беа дефинирани конкретни чекори за целосна санација на штетите, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за намалување на ризиците од слични појави во иднина – информираат од ЦУК.

Поврзани содржини