ОБНОВЕНО Во Охрид се спрема нов мега кластер: Фанови на Аца Лукас и други жртви на старо-новата ненормалност!

4,160

ОБНОВЕНО Аца Лукас го откажа концертот во Охрид!

Додека во Србија е откажан концерт на Аца Лукас поради опасноста од ширење на коронавирусот, градските власти на Охрид не се секираат ни за Охриѓани ни за домашните туристи. Српската турбо фолк ѕвезда на 1 август ќе настапи во нашиот најголем туристички центар.






И не само тој. На стадионот „Горица“ се најавени концерти на српските турбофолк ѕвезди Дарко Лазиќ и Теодора Џехверовиќ на 31 јули, како и на Сандра Африка и Аца Лукас, на 1 август.

Додека во дел од медиумите и во јавноста се ројатр коментари со сериозна загриженост поради опасноста овие концерти да станат нови жаришта на заразата, Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 уверува дека инспекторите ќе бидат присутни на сите концерти и апелира да се почитуваат пропишаните мерки за да не се прошири вирусот.

– Ова што го кажува инспектотратот е ноторна глупост и тоа е само залажување на наивните. Нема начин да се одржи дисциплина на концерт. Додека луѓето се принудени да се откажуваат и од семејните веселби, затоа што и тие се сметаат за масовни собирање, некој си дозволува да организира масовни концерти, небаре оваа година ништо не се случува. Срамно е да читаме вакви вести денеска, кога првата европска земја, Бугарија, за нас ги отвора границите. Како некој намерно да сака Македонија да биде најзаразената и најизолираната земја во Европа – коментира за Плусинфо човек кој има долгодишно искуство во организирање вакви настани.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи врие од коментари на незадоволни луѓе. Пренесуваме дел од нив:

„Новата нормалност формално те прави малку глупав! Кој е одговорен за оваа тешка глупост, пак народот ли?“„

Тргајте го чудово од репертоарот! Има крај и нашата трпеливост! До кога ќе седиме како домородци во заштитни гетоизирани логори под етикетата ризичен народ?!

„Од оваа територија не бидува држава, мизеријата да е поголема ни ги трујат лугето со тежок шунд“.

„Извинете, ама не сте нормални! Свирки не смее по кафиќи, музичари седат дома со месеци, концерти не смее, свадби по протокол (за некого, за некого фри). Сите по протокол работиме. Чекаме концерти од големи ѕвезди со нетрпение, чекаме културни настани, чекаме , чекаме, чекаме, внимаваме. Ама брате Аца Лукас јачи од короне! Оправајте се под итно!“

Поврзани содржини