ВО ОХРИД ПОЧИНА 33-ГОДИШНО ЛИЦЕ Пријавени се 449 новозаболени во последните 24 часа
За починато лице од Охрид, надлежните тврдат дека било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.
Регистрирани се 449 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 изнесува 211.831.
Од Министерството за здравство информираат дека од денеска како оздравени се водат 317 пациенти, а пријавени се 12 починати лица. Четири починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Во однос на 33 годишното починато лице од Охрид, надлежните тврдат дека било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.
Денеска се направени се 3.859 тестирања.