ВО НОВО СЕЛО ПОГРЕШНО БИЛЕ ОТПЕЧАТЕНИ БРОЕВИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ЛИСТИ Изборниот материјал е повлечен, се дистрибуира нов

Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат, соопштија од ДИК.

91

За 4 часа се одложува подигнувањето на изборен материjал и гласањето на болни и изнемоштени лица во Ново Село откако биле забележани грешно испечатени редни броеви на советничките листи. За случајот е информирана Државната изборна комисија. Оттаму брифираа дека гласачкиот материјал за советници е повлечен и се дистрибуира нов и дека сите болни и изнемоштени ќе го остварат своето право.

„Избирачкиот материјал од Општина Ново Село е повлечен. Таму денеска ниту едно пријавено болно или изнемоштено лице нема гласано. Станува збор за гласачки материјал за советнички листи. Се дистрибуира нов и сите болни и изнемоштени лица ќе гласаат“, соопштија од ДИК.






За гласање утринава во општината се пријавиле 400 лица кои со медицинската документација потврдиле дека не можат утре да излезат на избирачките места да гласат, па согласно законот, своето право требаше да го остварат денеска.

Во струмичкиот регион пријавени се 1.308 болни и изнемоштени лица. Освен во Општина Ново Село, денеска гласаат и 514 болни и изнемоштени во Општина Струмица, во Босилово 232, а во Општина Василево 162.

 

Поврзани содржини